Петровска: Очаен потег на Чулев, од долгови прави изборен поткуп и злоупотребува истрага за партиски цели

Прочитај за: < 1 минута

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска преку фејсбук вели дека министерот Чулев очајнички ги извртува резултатите од истрага во Штип, каде во продавница е најдена тетратка со „пишанки“ и над 110 лични документи на должниците кои земале стока од објектот и се задолжувале.

Станува збор за кривично дело од економски криминал, а не за изборен поткуп, тврди Петровска.

Петровска на ФБ напиша:

-Очајници прават очајнички потези. Во врска со фејсбук објавата на техничниот министер Чулев, а во интерес на објективно известување на јавноста поврзано со извршениот претрес во објекти во Штип за наводен поткуп Чулев намерно или заради отсјајот не споделува клучни информации од спроведената истрага, а тоа е дека сите од досега сослушаните граѓани чии лични документи се најдени изјавиле дека личните документи не им се земени заради поткуп туку заради долг. Ова не е кривично дело поврзано со изборите туку кривично дело од областа на економскиот криминал кое допрва треба да се докаже.

-Срамно е да се злоупотребува позицијата министер за внатрешни работи и да се соопштуваат невистини, особено кога истрагата е во тек, што впрочем е напишано и во известувањето до ОЈО. Известувањето во кое е наведено дека не се спомнува ниту една политичка партија , а е доставено до ОЈО е потпишано и од началникот и од дополнителниот начлник на СВР Штип. Со ова очигледна е намерата на Чулев да влијае на истрагата и да ја злоупотреби за партиски цели, објави Петровска на својот ФБ профил.

Таа ги повика „професионалните и чесни припадници на Министерството да не подлегнуваат на партиските притисоци и секој сомнеж за кривично дело да го докажат во соодветна постапка со соопштување на факти.“

Чулев преку ФБ соопшти дека во Штип е откриен изборен поткуп со гласачи Роми преку долгови во продавница.

Извор: Телма

SHARE