Пендаровски: Мора да му веруваме на Заев дека ќе има 61 пратеник, ако не ќе го врати мандатот

Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната прес конференција, по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека не му побарал на Заев гаранција за обезбедено мнозинство.

„Не му барав на Заев, но доколку го врати мандатот, нема гаранции да му барам ниту на Мицкоски за обезбедено мнозинство“, порача Пендаровски.

Тој додаде дека доколку се врати мандатот од страна на Заев, Мицкоски ќе дојде кај него за доделување на мандатот, иако му се замрзнати односите.

Изјавата на Претседателот Стево Пендаровски по завршување на средбата со Христијан Мицкоски:

SHARE