(ВИДЕО) Пендаровски: „Рекет“ оди и низ политички слоеви во општеството

pendarovski reket
Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на државата смета дека случајот „Рекет“ зафаќа многу слоеви во државата, меѓу кои и политички. Пендаровски, своите сознанија, денеска ги изнесе на состанокот со раководството на Сојузот на стпанските комори.

Пендаровски: „Деновиве сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество – и економски, криминални и за жал политички. Јас од оваа позиција не правам притисок кога велам дека државните органи за случајот „Рекет“ треба што е можно побрзо, до крај да ја истераат работата, наистина до крај, за да не се остави ни најмал простор за сомнеж дека некој некого штити, или се рециклираат практики од минатото кога политички фактори штитеа криминални бизниси и на тој начин дојдовме до тоа дереџе – ЕК во извештајот за 2017 година да дефинира како „заробена држава„,

 

SHARE