Пендаровски: Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба

Прочитај за: < 1 минута

Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно обраќање истакна дека нема да има ново продолжување на вонредната состојба.

-На 30 мај донесов одлука за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре. Сите претходни вонредни состојби ги прогласував на барање на Владата, по заседавање на Советот за безбедност. Претседателот може и без барање на владата да прогласи вонредна состојба, но тоа не го направив. Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба, рече Пендаровски.

Извор: Фокус

SHARE