Пендаровски: Бугарската денешна политика нема излезено од матрицата на Тодор Живков

pendarovski koronavirus
Прочитај за: < 1 минута

Претседателот во Стево Пендаровски во емисијата Трилинг се осврна на македонско-бугарските односи и изјави дека не очекува во наредните недели да се постигне договор со Бугарија со што би се деблокирал македонскиот пат кон ЕУ.

„Главните тези на бугарската политика кон нас се идентични во последните 70 години. Основоположник на тие позиции дека непостои македонски народ и јазик е Тодор Живков. Бугарската денешна политика нема излезено од матрицата на живковизмот и од матрицата на нивната комунистичка историја. Не можам да видам дека во 2020 е нешто е различно во нивните тези од Тодор Живков.“ – рече Пендаровски.

Пендаровски оценува дека официјална Софија во последниот период драстично ја променила политиката кон Македонија.

„Мојот впечаток после разговорот со бугарскиот претседател Радев е дека Бугарија се уште не може да излезе од времето на Тодор Живков.“ – рече Пендаровски.

Претседателот изјави дека информациите кои доаѓаат од Брисел покажуваат дека ниту една друга земја-членка на ЕУ не ја подржува и споделува оваа позиција на Бугарија. Тој е свесен дека има пораст на антибугарското расположение заради реториката на Бугарија и факт е дека се случува.

Повеќе >> www.24.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE