Не се чуствувам из*бан, друштво. Последните четири години секогаш кога можев гледав да избегнам јавно да зборувам на тема Зоран Заев – бидејќи мислев дека тоа би било нецелеисходно и дека тоа не било моја работа. Но, денес се чуствувам повикан да одговорам и со сигурност, можам да кажам неколку работи, напиша на Фејсбук поранешниот пратеник Павле Богоевски, кој своевремено беше учесник во Шарената револуција.
1. Причината зошто бев политички активен преку активизмот беше вредносна. Причината зошто одлучив битката да ја продолжам институционално беше лична – беше довербата која ја створив во тој човек. Не во партијата, не во коалицијата – во него. Доверба без која никогаш немаше да се нафатам за тоа лудило кое следеше и доверба која се’ уште ја имам.
2. Во овие четири години, во повеќе наврати сум имал судири со партијата. Секогаш кога имало и НАЈМАЛ простор за тоа, Заев бил на мојата страна.
3. Причината за објавувањето на оваа снимка е валкана, ниска и повеќе од очигледна.
4. Кога најголемиот дел од државава бараше моја оставка, истото го бараа и најголемиот дел високи функционери од СДСМ. Заев ги пресече во корен и ми остави простор сам да донесам одлука, постојано велејќи дека ќе ме поддржи, што и да одлучам. Ниту тогаш, ниту сега немам никаква причина да се сомневам во искреноста на таа поддршка.