Парите од повратот на ДДВ ќе може да ги земе извршител

Прочитај за: 2 минути

Почнува повратот на ДДВ. Граѓаните од денеска ќе треба да ги собираат фискалните сметки од производите кои ги купиле и услугите кои ги добиле, а за кои платиле најмногу 30.000 денари. Секоја сметка треба да се скенира на посебна апликација „МојДДВ“ која ќе треба да се инсталира на паметен мобилен телефон за да од сите после корисникот добие поврат на 15 отсто од платениот ДДВ. Ако евентуално некој нема таков телефон или не знае да инсталира и да користи вакви апликации, фискалните ќе може да ги носи во сите организациски единици на Управата за јавни приходи. Таму ќе има мобилни телефони на кои секој само ќе треба да се регистрира со своето корисничко име и со лозинка и да му се скенира сметката. На еден телефон ќе може да се читаат сметки и од повеќе профили.

„За граѓаните кои не се во можност сами да се регистрираат или немаат паметни телефони за да ја симнат апликацијата МојДДВ, УЈП ќе им излезе во пресрет. Сите Организациони единици на УЈП ќе бидат опремени со смарт телефони, баркод читачи и киоск преку кои граѓаните со поддршка на волонтери и службеници од УЈП ќе имаат можност да ги скенираат своите фискални сметки, не постари од 10 дена од денот на издавањето, велат од УЈП.

Инаку регистрацијата е задолжителна за сите граѓани. За да остварат поврат на ДДВ треба да се регистрирани или да се регистрираат на електронскиот систем на УЈП. Друг услов е да имаат најмалку 15 години, важечка лична карта или пасош, да имаат своја активна трансакциска сметка. Бројот на сметката ќе треба да го пријават на еден од чекорите по симнувањето на апликацијата.

За парите кои ќе се добијат како поврат на ДДВ граѓаните нема да плаќаат персонален данок, но тие пари, ќе може да се наплатуваат од извршители за стари долгови.

Првата исплата ќе биде во декември 2019 година директно на сметките на граѓаните, а потоа на секои три месеци, односно во февруари, мај, август и ноември. Од оваа услуга на граѓаните ќе им бидат вратени најмногу 50 милиони евра годишно, а лимитот за едно лице ќе изнесува 1.800 денари квартално или најмногу 28.800 денари годишно за едно четиричлено семејство.

Преку проектот „Мој данок, моја заштеда“ на граѓаните на граѓаните ќе им се вратат над 50 милиони евра од поврат на ДДВ.

ПОврат не с еврши за комунални сметки, а државата смет адека со тоа што ќе ги бараат сметките граѓаните ќе станат своевидни инспектори. Апликацијата ќе дозволува скенирање само на валидни фискални сметки, додека незаконските – компјутерски сметки не ги препознава.

SHARE