Пандев: Раководството на ФФМ не беа среќни кога победивме со Косово, им се гледаше во очи

Прочитај за: < 1 минута

„Не сакам да невлегувам во тоа дали има политика, оти не разбирам ништо од политика.

Но, овие луѓе од раководството на ФФМ, членови на УО кои патуваат со нас како репрезентација, се повеќе од 15 години и јас искрено не знам што направиле тие за мак фудбалот.

Тие доаѓаат да се шетаат и да се радуваат кога ќе изгубиме. И потоа да зборуваат, како овие репрезентативците за ништо не ги бидува. Пред мечот со Косово очекував претседателот Сејдини барем да дојде во хотелот, да не поздрави, да ни посака среќа, но, од човек кој никогаш немал фудбалска идеја и не бев изненаден што после натпреварот воопшто не влезе во соблекувална да ни честита.

Како и да е, оваа генерација заслужи да ги има најдобрите услови за работа, а сакам да потенцирам дека 90% од репрезентативците не ни знаат кој е претседател на ФФМ, кој е потпретседател и кои се луѓето кои патуваат со нас, тоа се анти-фудбал луѓе.

Јас со Адеми, со Алиоски, со Барди се слушам секој ден, како браќа сме“, вели Пандев во Студио 10 на ТВ 24.

Извор: 24.mk

SHARE