Пандев и другарите донираа за Фондот за здравство во битката со коронавирусот

Горан Пандев
Прочитај за: < 1 минута

Македонската фудбалска репрезентација заедно со стручниот штаб донираа 30.000 евра за Фондот за здравство во битката со коронавирусот, пренесува СПОРТМЕДИА.

Оваа иницијатива е од пред неколку дена, фудбалерите чекаат да добијат жиро сметка на која ќе можат да ги уплатат собраните финасиски средства. Капитенот Горан Пандев ќе издвои 10.000 евра, додека останата сума доаѓа од сите оние кои се дел од најдобриот национален тим.

За потврда на информацијата СПОРТМЕДИА разговараше со главниот, Пандев:

„Искрено не сакавме публицитет. Нашето здравје и здравјето на сите останати е на прво место“, беа првите зборови на капитенот. „Оваа иницијатива е од пред неколку дена, за кратко време успеавме да ја собереме оваа сума на пари и да помогнеме во овие тешки денови. Секој од нас дополнително, финансиски ќе помогне во своите градови, општини, како и места каде што играат. Уште еднаш ќе напоменам, нашата цел не беше да привлечеме внимание. Се надевам овој наш пример ќе допре до оние кои можат многу повеќе да си дозволат“, изјави за СПОРТМЕДИА, Горан Пандев.

Фудбалерите се првите спортисти од Македонија кои одлучија да и помогнат на својата земја во тешките денови.

SHARE