Панчев: Македонија е фудбалска земја, но политиката многу се меша

Прочитај за: < 1 минута

В петок македонската национална селекција ќе игра против Полска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Полјаците се незгоден и поквалитетен противник, но Македонија има шанси за поволен резултат, смета Дарко Панчев.

„Полска е поквалитетната репрезентација, но кога фаворит игра против аутсајдер, секогаш знае да одигра несериозно. Нејзините играчи се силни и брзи, но, не се креативни. Што се однесува до Македонија, таа се базира на индивидуалните квалитети на Барди, Алиоски, Хасани, Несторовски и Пандев“, истакна Панчев.

Тој смета дека нашата земја има што да понуди на фудбалски план, но политиката многу меша прсти во спортот.

„Македонија е фудбалска земја, но политиката многу се меша во спортот. Ништо не е променето цели 25 години“, изјави еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата за полските медиуми.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE