Од затвор излезе чичко Панче Ангелов што ја искуба Шекеринска

Панче Ангелов
Прочитај за: < 1 минута

Панче Ангелов кој беше обвинет за насилство врз сегашната министерка за одбрана и поранешна пратеничка, Радмила Шекеринска ја одлежа затворската казна и излезе од затвор.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди директорот на затворот „Идризово“, Александар Донев. Ослободен е со истекот на казната. Беше осуден на четири години за насилство, а доби амнестија 30 отсто од затворската казна, ни изјави Донев.

Ангелов беше осуден на затворска казна од четири години, но доби намалување со амнестијата што ја даде СДСМ кога дојде на власт. Во обвинението Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието на 27 април и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата.

Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE