Шокатнтно и екслузивно интервју со Љупчо Палевски во емисијата Во Центар со новинарот Васко Ефтов: Верушевски и Мијалков го “режираа” 27 април!
Контроверзниот бизнисмен, политичар и политички аналитичар, Љупчо Палевски по повеќе месечен естрадиционен притвор во Србија и Хрватска пред десетина дена се врати во Македонија. Во екслузивното интервју за емисијата Во Центар, Палевски кажува работи што досега не се објавени а кои сигурно ќе ја шокираат македонската јавност.
За публиката да биде подобро информирана, Палевски пред 20-тина години беше Претседател на Градскиот Одбор на СДСМ и близок соработник на тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и близок пријател со покојниот Лазар Китановски ( кој беше министер за одбрана, директор на Агенцијата за разузнавање, но и задолжен за соработка со странските служби и за контрола врз политичкото и параполитичкото подземје во Македонија). Исто така Палевски е близок пријател, или што би се рекло и човек од доверба, на Зоран Верушевски.
Во оваа интервју Палевски објаснува како длабоката држава функционира на Балканот, за тајните сметки на македонски и албански политичари во Панама и во Европа, колку фирми има Али Ахмети, колку и каде има Бујар Османи, која и за што служи фирмата на Светозар Јаневски. Палевски смета дека неговото држење во скоро десет месечен естрадициски притвор е резултат на делувањето на таа длабока држава.
Според Палевски, тој ги има поврзано Црвенковски и Мијалков со посредство на Лазар Китановски и дека со помош на опрема купена од Мијалков која е сместена во стан во Лептокарија, а за тоа да не биле информирани премиеропт Љубчо Георгиевски и министерката за внатрешни работи, Доста Димовска, е реализирана операцијата Големото уво. Тоа се шокантни тврдења бидејќи излегува на површина дека владата на Љубчо Георгиевски била соборена од власт со афера која ја има помогнато шефот на условно речено военото разузнавање од таа партија.
Според Палевски, постојат три системи за прислушкување и тие и денес функционираат а дека Вистината за Македонија е реализирана со прислушкувањее преку опремата на МВР. Тие материјали синот на Верушевски му ги предал на Заев кој во тој момент се криел и спиел во седиштето на СДСМ.
И тоа што е најшокантно и најконтраверзно, Палевски кажува дека настаните на 27 април ги имаат режирано Верушевски и Мијалков.
Извор: Во Центар