Норвешките болници градат дрвени колиби во шума

Прочитај за: 2 минути

Среќни сме што живееме во време кога има болници, но да бидеме иксрени, болниците не се најпријатните места. Тие се ладни, стерилни, имаат строги правила и воопшто не се пријатни. Можеби можат да направат чуда за лечење на телото на пациентите, но се повеќе согледуваме дека физичкото здравје зависи и од менталната сосотојба. Токму затоа сигурно е дека болниците не можат да помогнат во тој дел.

Во Норвешка многу добро знаат дека тоа е вистина и се трудат да направат најздрава можна средина за пациентите. Тие откриле дека природата може многу да помогне во тоа. Бенефитите по здравјето од времето поминато надвор во природа постојано се докажуваат, па зошто да не се пуштат болните деца, на пример, да се лекуваат меѓу дрвја?

Имајќи го тоа на ум, двете најголеми болници во Норвешка со помош на добротворната организација Friluftssykehuset Foundation ги создадоа дрвените колиби Outdoor Care Retreats, познати како „ friluftssykehuset“ или „болници за рекреација“. Направени во соработка со познатото архитектонско студио Snøhetta, овие колиби на пациентите им овозможуваат да се опуштат по строгите правила и изолацијата во болница.

Оваа идеја не е сосема нова. Уште во викторијанско време луѓето бегале во планините и во минерални бањи за да имаат подобро здравје. Во поново време јапонската влада воведе нов концепт наречен „shinrin yoku“ или „бањање во шума“. Тој концепт се базира на лековитата моќ на шумовитите предели врз здравјето на луѓето. Организацијата Friluftssykehuset Foundation планира да гради уште колиби во близина на болници во Норвешка и во странство.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE