Вчера попладне во СВР Скопје било пријавено дека М.Л. (24) и Р.Р.Г. (27), двајцата од Белгија, влегле во дворот на Генералштабот на Армијата на улица „Орце Николов“.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека залутале и ја прескокнале оградата.
Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Пред извесен период, војникот што бил на стража, постапувајќи според пропишаните процедури и постапки, рано изутрината спречил обид за насилен влез во кругот на касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, информира Министерството за одбрана.
Војникот повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрела во воздух.
Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи, соопшти Министерството за одбрана.
Извор: balkan.mk