
Реакцијата на Чешка и Словачка не е случајна, содржината ја видоа сите а тоа е дека не се согласуваат за тоа да условувањата во делот на јазикот, на сопствената интерпретација на историјата, бидат услов за членство во ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ за целиот овој период активно ги информираше своите пријатели, што и’ се случува на Македонија и затоа сме сега во ситуација ,Чешка и Словачка да бидат поголеми патриоти од Зоран Заев, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисјата Стадион на Канал 77.
Постои една група во ЕУ која се вика Вишеград 4, во која што учествуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска. Во четирите влади ние имаме големи пријатели, од тие влади, 3 припаѓаат на Европската народна партија, а четвртата припаѓа на европските конзервативци, кои што се подесно од Европската народна партија“, изјави Николоски
„Оваа група Вишеград 4 е голем поддржувач на проширувањето на ЕУ, но исто така е голем поддржувач на Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ таму има големи пријатели, почнувајќи со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, преку премиерот на Полска, Моравјецски, продолжувајќи со премиерите на Чешка и Словачка“, кажа Николоски.
Ексклузивно за Канал 77, споделувам, додаде Николовски, дека ВМРО-ДПМНЕ работеше со овие четири држави, да спречат условот историја, да влезе во заклучоците на Европската Унија.
Видео >> mms.mk