(ВИДЕО) ХРВАТСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА РТЛ СО РЕПОРТАЖА ЗА НАЈГОЛЕМАТА ФАБРИКА ЗА МАСЛО ОД КАНАБИС ВО МАКЕДОНИЈА

Прочитај за: 2 минути

Хрватската телевизија РТЛ направи репортажа од фабриката за марихуана сместена помеѓу Прилеп и Крушево, која ја опишува како место опкружено со бодликава жица.

Патот до најмодерниот погон за производство на македонска марихуана води преку Прилеп. Улицата која води до таму е оддалечена 30 километри од Крушево. Неколку километри пред Крушево се наоѓа голем објект опкружен со бодликава жица, каде се наоѓа погонот 5 Letters.