Најчевска: А ќе ме субвенционира државата ако купам пиперки за ајвар од етнички Албанец?

Мирјана Најчевска
Прочитај за: < 1 минута

Се разгоруваат реакциите во јавносат по најавите за државни субвенции за вработувања на етнички Албанци во приватни компании. Професорката Мирјана Најчевска прашува дали ќе се даваат посебни субвенции за етничките Македонци кои ќе изградат куќа во маало каде што живеат мнозинство етнички Албанци?

„На пример државата да плати 1/3 од куќата. А ќе се стимулираат со субвенции верските заедници доколку преобратат некого од една во друга вера? Не знам како ќе ги рачунаме атеистите. За нив дупло или упола цена?

А ако има регистрирано повеќе фирми на етнички Албанци од 20% од сите регистрирани фирми, ќе ги натераат да ги затворат?

А ќе ме субвенционира државата ако купам пиперки за ајвар од етнички Албанец?

А ако е некој од мешан брак, дали ќе се добие половина субвенција, прашува професорката.


SHARE