Најчевска бара Апасиев да биде гонет кривично за промовирање и поттикнување верска и етничка омраза

Прочитај за: < 1 минута

„Оваа изјава треба да се процесира врз основа на член 394-г од Кривичниот законик: “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ затоа што промовира и поттикнува омраза и насилство врз основа на верско уверување и етничка припадност“, коментира професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук по објавата на претседателот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев. Најчевска додава дека во исто време Апасиев ги девалира и мерките на државата за спречување на ширење на Ковид-19.

„Во исто време ги девалвира и мерките на државата за спречување на ширење на Ковид19 и ги поттикнува граѓаните кон непочитување на вие мерки и спротиставување на државните органи во нивното спроведување. Со оглед на тоа дека изјавата не е дадена во рамките на Собранието, не е потребно барање за одземање на пратеничкиот имунитет за спроведување на потребните активности“, коментира Најчевска.

Димитар Апасиев на Твитер и Фејсбук напиша: Десет саат дојде, Водици е, а специјалците од МВР уште немаат уапсено или истепано ниеден македонски граѓанин!? Па вака ли бе министре ќе ја сочувуваме традицијата за државен ќотек на секој рисјански празник за време на пандемијава, што ја воведе СДС на Нашата Земја?

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE