Алберт Муслиу: Бучковски не е човек паднат од небо

Прочитај за: < 1 минута

За поставувањето на Бучковски како специјален претставник на Владата, Муслиу вели дека македонската страна не може да биде оштетена и Бучковски треба да го олесни процесот со убедување на дел од бугарската јавност во искрените намери на Македонија и реализација на Договорот од 2017.

-Бучковски не е човек паднат од небо. Тој е поранешен премиер и човек кој има добри контакти во Бугарија и неговиот интелектуален капацитет се прифаќа таму прилично добро.

Кај нас секогаш ќе има тензии помеѓу власта и опозицијата, но треба да се биде поодговорен и наративот кој го користиме да биде повнимателен.

Ако ние како држ ава го праќаме Бучковски како специјален претставник, мислам дека секој неумерен наратив кој се користи кај нас го нарушува неговиот капацитет да го потпомогне процесот, вели Муслиу.

Повеќе >> Слободен Печат

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE