Му откажа левиот бубрег на Боки 13, може да умре за 15 минути

Прочитај за: < 1 минута

Му откажа левиот бубрег на Бојан Јовановски познат како Боки 13, обвинет во аферата „Рекет“, дознава „Слободен печат“. Самиот Јовановски, но и неговиот адвокат од судските власти бараа затворскиот притвор да му биде заменет со домашен, токму поради нарушеното здравје, но тоа барање беше одбиено.

– Секој ден здравствената состојба му е се покомплицирана. Урината му е кафеава. Вчера стражарно беше спроведен на ректоскопија. На 20 овој месец му е закажана колоноскопија за која претходно треба да е на посебен режим. Нема што не му е. Кога лежи желудочната киселина му оди право во белите дробови. Може да умре за 15 минути. Јовановски нема желудник и за тоа има 10 лекарски мислења дека треба да биде хоспитализиран – вели неговиот адвокат Сашо Дуковски.

Извор: Слободен Печат

SHARE