Премиерот Зоран Заев смета дека треба да се исполнат неколку услови на кои Владата во моментов работи за младите да останат во Македонија, односно да не ја бараат својата среќа во странство. Тврди дека трендот на заминување е намален, но и дека се уште постои.
– Се надевам дека економските параметри кои лично ме прават оптимист ќе бидат поголеми и оти граѓаните вистински ќе ги почувствуваат, но за да се задржат освен тоа потребно е и владеење на правото, добро здравство, квалитетно образование….Нешто на што сите ние и заедно работиме. Само така граѓаните ќе почнат да се разубедуваат да не ја напуштаат државата и овде да се реализираат, а дури потоа и можеби некои што се заминати ќе се вратат“, рече премиерот на презентацијата од ефектите на проектот „Младинска гаранција“.
Министерката за труд и социјална работа Мила Царовска рече дека тенденциите на пад на наталитетот, според неа, се од времето на минатата власт, додека сега само се чувствуваат последиците.