М.Велиновска: Македонскиот пиреј е изворен делотворен лек против неофашистичкиот вирус

Прочитај за: 4 минути

Октомври 2020 година, набљудуван со очите на историчар и запишан со писмото на хроничар е сведоштво за извонредните промени кои почнаа да се случуваат во светот, а го засегаат човештвото. Да констатирам : Не било попусто речено дека секое зло е за добро. Мора да се помине низ страотни искушенија, да се издржат секакви несреќи за да човечките заедници излезат од хаосот кој самите го создаваат.

Затоа што во Република Македонија веќе не постојат медиуми а со тоа ни јавност, затоа што нема ни образование, ни наука а со тоа ни интелектуала, сосема е ,,нормално” никој да не не извести дека во Јужна Америка се случија уште две чуда и обете во изведба на два маченички народи. Боливискиот и Чилеанскиот. На изборите кои се случија по минатогодишниот преврат организиран од ЦИА во содејство со домашната петта колона и по неколкукратно одложување на изборите кои на узурпаторите им требаа за да се стекнат со формално правен легитимитет, победи народот, односно МАС движењето кое го создаде боливискиот домороден народ (индиоси) и нивниот автохтон водач Ево Моралес. Боливијците напросто ги збришаа своите црпнати ЦИА инсталати победувајќи со дури 23 отсто разлика. Крај онолку цијашки труд и црни пари за поткуп на гласачи и политичари, домородните Боливијци си ја вратија сувереноста и слободата со освоени 53 отсто гласови.

Во Чиле пак, по речиси пола век макотрпна борба и усилби кои кулминираа лани со непрестани акции, организирани и водени од студентите, доведоа до успешно спроведување на уставотворен референдум на кој 78 отсто Чилеанци гласаа за ништење на Уставот на превратникот и алатката на ЦИА, генералот и злосторник Пиноче. И во овој случај се работи за автохтоно народно движење кое ‘непланирано‘ ги порази етаблираните политички субјекти. Имајќи ги предвид отпорноста и одважноста на Венецуела и Куба кои со децении се на првата борбена линија и очигледно создале солиден генерациски имунитет за одбрана од увезени ГМО вируси, можам да заклучам дека настаниве ги имаат длабоко потресено т.н. неолиберални фашисти и тоа среде изведба на проектот концлогори (планирани и вежбани од Обама уште во 2013 година) на кои со невидливо мастило пишува: ДОБРОДОЈДОВТЕ ВО НЕОЛИБЕРАЛНАТА НОРМАЛНА НЕНОРМАЛНОСТ!

Просто е запрепастувачки дека поклониците на неолибералниот фашизам почнувајќи од Вашингтон преку ЕУ и до нашиов истоштен од страданија Балкан, реагираат на ист начин. Ѓоа не ни виделе што им се случи и допрва ќе им се случува на планетарно ниво. Нема бре кој да им ја јави веста на нивните народи! Всушност има, ама таквите се под цензура согласно директивите на неолибералното евроатланско ‘‘Министерство за вистина‘‘.

Како и да е, со големо задоволство и споделена радост и солидарност со Боливискиот и Чилеанскиот народ запишувам дека и македонскиот народ наскоро ќе ги оствари своите идеали и ќе излезе од вртлогот на тешки искушенија кои му ги приредија секакви превратници, петоколонаши, цијашки и гангстерски дружини организирани во ѓоамити политички партии и интелектуална авангарда. Времето на гваидовци, џенин ањеси, пиночиња, црпковци, цилиња, бранчиња, хариња, трифунчиња, котиња од Руља и манемачковци – истече. Отпојќе се, и дотежаа и на планетава и на косомосот.

Сега знаат, ама не сакаат да си признаат, дека вистинските промени ги изведува и се успешни само ако ги роди самосвесен народ. Оти тоа што се раѓа мора да има корен, да извира од тлото, да се храни од тлото. Македонија во последниве 30 години го докажа тоа и со првиот референдум на 9 септември со кој избра независност и со вториот на 30 септември со кој одби да се самоубие. Во обата настани политичарите од сите бои го ‘‘бодреа‘‘ народот статирајќи отпозади и етапно разградувајќи го оригинерниот Устав што ќе рече, поткопувајќи ги темелите на македонската државотворност. Тоа докажува, односно, треба да ви укаже кои се чекорите кои мора да ги преземеме за да ја ничкосаме оваа неодржлива смрдлива дивоградба во што се претвори нашата тактковина.

  • Народот, првенствено домородните Македонци како мнозински народ, се должни да го оправдаат својот живот и да му остават на својот пород чиста земја во која ќе бидат свои на свое. Сакам да кажам, нужно е да ги баталат постојниве некадарни и искорумпирани партии и да почнат да градат изворно општонародно движење во секое село, во секоја улица, маало. За оваа операција не се потребни пари туку родољубие, волја, посветеност, солидарност и решителност без суети, алчност и славољубие. Имаме ли таква сила? Имаме. Тука е во нас е и околу нас е, ама не ја гледаме зашто нема кој да ви јави дека ни е пред носот. Еве ви и доказ. На последниве квази избори што ги изведе превратничката и фашистичка групировка, а легитимитет им даде полтронската божем опозиција, не му беше дозволено на нуклеусот на изворното општонародно движење Родина Македонија да се провери пред народот кој го збришаа. И не само тоа, туку неолибералните фашстички тумори инстинктивно почуствуваа дека ова е вистинска опасност за нивниот опстанок, па набрзина се обидоа да инфилтрираат политички МИ6 корона вирус со надеж дека кревкиот народен организам ќе умре од компликации збогатен со ‘‘вториот бран КОВИД 19‘‘ и бескрајниот карантин кој се прогласува по потреба и со инструкции од Господарот на ‘‘нашиве‘‘ изнајмени евнуси ,кој е исто така во кома.
  • Организирање на референдум за уставотворно собрание кое ќе го врати оригинерниот устав на РМ а со тоа ќе ги збрише сите цијашко-британско-германско соросоидни брљотини и интервенции во врвниот државен закон. Со други зборови, мораме да си ја вратиме тапијата за државотворност, натопена со крв и страдања на многу генерации. Тоа ќе биде врвна должност на избранитие делегати и президиумот на општонародното движење.
  • Откако ќе се напише и Уставот, уставнотворното сенародно собрание ќе распише избори на кои право на учество ќе имаат субјекти кои се сообразени со Уставот и длабински прочешлани од новоконституираниот уставо-правен поредок.
  • Никоја, ама баш никоја од постојниве ѓоа партии не ќе може ни да му се опули, а камоли да бара гласови од оние кои ги сведе на безимена ем безидентитетна маса, која не само што безмилосно и сурово ја пљачкаа туку и ја лишуваа и од нематеријалното а бесценето наследство.
  • За оние кои се обезнадежени да потсетам: Македонците не се на опашката, туку на чело на промените што го докажала историјата низ реформаторските подвизи на Александар Македонски, на Јустинјан, на Богумилите, на азбуките, на делата на Кирил и Методиј, на Климент и Наум, На Самуил, Карпош, на бројните востанија, борби за слобода, ВМРО, НОБ, АСНОМ, борбата за опстанок се до денес.

За крај, сакам да ги прашам, дали ги глочка стравот за крајот што ги чека по сигурниот пораз од суверениот македонски народ , суштествата издресирани во ГМО фарми како Владе Милчин, Ѓунер Исмаил, Љубомир Фрчкоски, Денко Малески, Срѓан Керим, Бранко Геровски, Борјан Јовановски, разно-разни безидентитетни академици, гротескни ‘‘државници‘‘ шкопени и корумпирани политиканти и пљачкашки банди.

И треба да е така. Оти тоа е судбина на секое хибридно мочуриште кое го создало гангренозното дегенерирано човеколико ѓубре во борбата со полнокрвното слободарско човештво.

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

Извор: Слободен Свет

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE