Почнувајќи од април минималната плата се зголемува, веќе не е 14 500 денари

Прочитај за: < 1 минута

Почнувајќи од април, висината на минималната нето плата се зголеми за 434 денари и изнесува 14.934 денари.

Одлуката за минималната плата е објавена во Службен весник број 75 од 24 март, во која е наведено дека бруто-износот на минималната плата е 21.776 денари.

Сојузот на сидикати на Македонија оценува дека овој износ на минимална плата треба да биде поголем.

– ССМ стои на ставот дека постои реална потреба од зголемување на минималната плата која согласно европските препораки и тенденции треба да изнесува 60 отсто од просечната плата во државата. Истовремено апелираме работодавачите да го следат растот на минималната плата и ова зголемување на минималната плата да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори – велат од ССМ.

Од друга страна, иако оваа одлука во „Службен весник“ е објавена уште пред два дена, помина без некое јавно соопштување од Владата. Компаниите, во кои најголем дел од работниците земаат минимални плати, како што се текстилните и кожарските, се соочени со големи економски последици од коронавирусот и голем дел од нив веројатно привремено ставиле или ќе стават клуч на објектите.

Зголемувањето на минималната плата е согласно Законот за минимална плата, според кој минималната се корегира зависно од растот на просечната плата, трошоците за ѓивот и растот на бруто домашниот производ,

SHARE