Милошоски: Јас сум неосновано обвинет како опонент на кланот Заеви

Прочитај за: < 1 минута

Откако денеска скопското обвинителство информираше дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, во кој еден од обвинетите е и пратеникот Антонио Милошоски, тој се јави со коментар на фејсбук.

Обвинителството продолжува да биде алатка за притисок на власта кон неистомислениците. Секој опонент на политиката на кланот Заеви кој ги разоткрива аферите на нивното крими-владеење, без разлика дали е новинар, политичар или стопанственик, се соочува со ризикот да биде неосновано обвинет, со цел да биде заплашен, а политичките прогони служат како параван зад кој ќе се кријат актуелните рекети, афери и организиран криминал на власта. Но, се ќе има свој крај, вклучително и политичката злоупотребата на обвинители и судии од страна на власта на Заев – напиша Милошоски.

SHARE