Мицкоски: Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Јанева и Рускоска

Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот официјален фејсбук профил напиша дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев станал „стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска“.

– Проблемот е што Заев стана стечаен управник на Македонија со глaвни извршители Катица Јанева и Вилма Рускоска. И наместо да се занимава со ВМРО ДПМНЕ, државниот и антимакедонски стечаен управник Зоран Заев да каже што барал на тајна средба со Катица, и неговиот брат на средба со осуден за Рекет? Од овие информации дознавме дека главното занимање на Заеви, покрај плантажите со марихуана бил Рекетот. И таквото полнење на приватните џебови, значи празнење на џебовите на граѓаните. Но, добрата вест што овој стечај на Заев трае уште два месеци, до 12-ти април – пишува Мицкоски на фејсбук.

Претходно, лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук напиша дека ВМРО-ДПМНЕ е најзадолжена политичка партија, а лидерот на партијата, Христијан Мицкоски е нејзин стечаен управник.

SHARE