Мицкоски: Заев сака ново СЈО кое што ќе му служи за офанзива врз политички неистомисленици

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за МРТВ 2 изјави дека Заев сака ново СЈО кое што ќе му служи за офанзива врз политички неистомисленици, да има обвинителство кое што ќе го контролира Рускоска кое што би било дефанзивно и ќе ги заштитува делата кои што се резултат на нивните криминали и Јовевски кој што сето тоа ќе го диригира.

Од нивна страна беше даден предлог за формирање на обвинителство кое што ќе биде обвинителство за гонење на висока корупција, и кое што ќе биде на исто ниво со обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција , нивен беше предлогот ние го прифативме, нивен беше предлогот да опозицијата предложи обвинител кој што ќе го води тоа ние тоа го прифативме, нивен беше предлогот ингеренциите од СЈО преку 10-те помошници на притвореничката да прејдат во рамките на тоа ново обвинителство и да продолжат предметите преку тоа ново обвинителство ние тоа го прифативме . Понатаму , нивен беше предлогот да тоа обвинителство гони корупција кај именувани избрани лица ние тоа го прифативме, вели Мицкоски.
Тој истакна дека предлогот од СДСМ да има заштитна клаузула во која што доколку опозицијата предложи име кое што не е прифатливо за власта после определен временски период советот на обвинители да избере обвинител од редот на овие 10 помошници на притвореничката не е прифатливо, затоа што на таков начин практично никогаш власта нема да биде мотивирана да го прифати предлогот на ВМРО ДПМНЕ.

Ќе чека тој рок да истече и тогаш овој совет за обвинители да го избере она име кое што јас сега можам да ви го напишам, веднаш ставете го вие во вашиот џеб и ако тоа се случи прочитај те го тоа ќе биде името кое што ќе го избере Советот за обвинители. Зошто ова го зборам не дека сум видовит не дека имам некои парапсихолошки способности туку едноставно имаме еден градоначалник на една скопска општина кој што е коалиционен партнер на СДСМ и кој што јавно на прес-конференција сведочеше за притисоците од страна на премиерот кој што требало тој да ги прави врз членовите кои што се во судскиот совет советот за избор на судии а за процесот за промена на претседателот на Врховниот суд. Во првиот наврат не им успеа но во вториот наврат видовме дека им успеа, изјави Мицкоски.

loading...
You Might Like
SHARE