Мицкоски: Загрижен сум дека Заев може да го начне македонскиот идентитет!

Прочитај за: < 1 минута

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предмалку оддржа вонредна прес конференција, потикнат како што рече, од интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС.

Тој посочи дека Заев несмасно и грубо изнесувал тези кои можат да предизвикаат нарушување на преговарачкиот процес, но и открил дека освен договорот со Бугарија, постои и Анекс, на кој токму тој предупредувал.

-Заев најпрвин тврдеше дека договорот со Бугарија е сосема доволен. Сега признава дека прифаќаат и анекс кон еден таков договор. Тој ја негира антифашистичката борба на граѓаните и прифаќа дека овде постела бугарска администрација. Загрижен сум зошто ова интервју може да значи и откажување од малцинството во Бугарија. Сериозно сум загрижен за менување на карактерот и улогата на македонските херои. Алармирам сега за да не биде доцна. Будно да го следиме овој процес на преговори, бидејќи загрижени сме дека тој може да го начне македонскиот идентитет. Македонскиот народ го повикувам внимателно и будно да следиме што преговара Заев. Јас ќе бидам прв во таа борба, рече Мицкоски.

Извор: Фокус

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE