Мицкоски: Заев да не води „магарешки“ инает, време е да се соединиме

zaev goce
Прочитај за: < 1 минута

Изјава на Христијан Мицкоски:

“Додека светот работи на вакцина, Заев и политичката мафија работат на носење закони кои не помагаат ни на граѓаните, ни на бизнисите.

На почетокот на пандемијата проценија максимално 2000 заболени, а сега тоа е неделна бројка. Не можат повеќе да ги криват ни Наќе, ни Гордана и повеќе нема алиби за неспособноста.

Додека народот полесно ќе добие корона, отколку упат за тестирање, Владата фаќа тендери и профити.

Наместо Заев да води „магарешки“ инает, време е да се соединиме и заеднички да донесеме подобра иднина за Македонија и граѓаните.

Мораме да ја поразиме мафијата, пред таа да ја порази државата.”

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE