Мицкоски по појавувањето на Мијалков: Оставка на Владата веднаш

zaev goce
Прочитај за: < 1 минута

По појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во јавноста и во Обвинителството, се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во кратка изјава на Фејсбук пишува дека Владата треба веднаш да поднесе оставка.

„Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка на Владата веднаш!“,

напиша Мицкоски.

Тој и денеска на прес-конференција, пред да се појави Мијалков, рече дека во Собранието ќе бараат и гласање доверба на Владата. и

Мицкоски ги повика сите пратеници и од опозицијата и од власта, како што рече, да ја соборат оваа власт и да се формира техничка влада која ќе организира предвремени парламентарни избори заедно со локалните.


- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE