Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за одблокирање на патот кон ЕУ

Прочитај за: < 1 минута

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и работен појадок со унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

На средбата со унгарскиот премиер Орбан биле констатирани одличните и пријателски односи кои што постојат помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и унгарската Фидес.

Од ВМРО-ДПМНЕ пренесуваат дека Мицкоски на средбата се осврнал и на блокираните европски интеграции кои се последица на последното вето на источниот сосед, кое што Македонија ја одалечува од стратешката цел членство во Европската Унија. Лидерот Мицкоски побарал поддршка од Унгарија за одблокирање на патот кон ЕУ и воедно севкупна поддршка за земјава на патот кон европските интеграции.

„ Премногу долго државата е заробена во недостаток на реформи, калкулирања и тапкање во место што резултира со оправдана нервоза, но и своевидна фрустрација во исполнувањето на стратешката агенда. Точно е дека македонската влада има огромeн застој во исполнувањето на реформите, неисполнети ветувања, и не до крај посветен пристап кон интеграциите, исто како што е точно дека државата и сите нејзини граѓани не смеат да бидат заглавени поради таквата неспособност на домашната влада, но и недоволната спремност на сите земји членки на Унијата да подадат искрено рака на земјите апсиранти кон ЕУ“ , подвлече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Повеќе >> info.mk/

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE