Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој важи за најголем противник на сè што е бугарско во РС Македонија, е оженет со Бугарка, јавува дописникот на БГНЕС од Благоевград повикувајќи се на информацијата дека Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство.
Бугарската новинска агенција нуди испис од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија на 4 април каде балдзата на Мицкоски е евидентирана како државјанин на Република Бугарија и носител на гласачко право.
„Стевица, која работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош. Овој важен документ може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување. Стевица Јанева е на списоците за претстојните парламентарни избори во делот 47 од општината Петрич, што е оддалечено само неколку километри од нејзината родна Струмица“, пишува БГНЕС.
Понатаму, агенцијата објавува дека нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица и е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци, само во Благоевград. Доколку сака, може да го искористи своето право на глас во Второто основно училиште „Димитар Благоев“.
Повеќе >> Слободен Печат