Мицкоски на Илинден ги нападна Мијалков, Тодоров, Коневски: Вие сте јаничари и товар на партијата

Прочитај за: 2 минути

Претсеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ во денешното обраќање на прославата на Илинден во Ташмаруништа остро ги нападна сите оние кои деновиве бараат одговорност од него за резултатот од изборите.

„Оние кое денес се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки по-јаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза“,

рече Мицкоски.

Во однос на власта, Мицкоски подвлече дека таа скршнува од патот на илинденците.

„Карактерот на државата се обликува согласно личните интереси и амбиции на поединци. Станавме општество на лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои во својата основа се трули, погрешни примери кои доколку се споредат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме се апсолутно маргинални и ќе бидат отфрлени и неконкурентни. Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите. Тие самопрогласени морални судии и величини се трудат да наметнат погрешна слика за работите и затоа ви се чини ненормалното-нормално, не моралното за морално, но кога ќе гребнете на површината се гледа подлабоко очајот на власта и нивната гола желба за личен конформизам и владеење.“,

рече Мицкоски.
Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму работи на создавање парламентарно мнозинство.

„Ова е натпревар кој се игра до последната минута, па така е и со формирањето на владата. А знам дека по овој натпревар кој го играме со целото срце, и внимавајќи на честа и угледот на ВМРО и државата, ќе дојдат и други, на кој ќе победиме, затоа што само така ќе бидеме први. А нашата победа е заедничка“,

рече Мицкоски.

SHARE