[Видео] Мицкоски: Лага е одлуката за зголемување на платите на просветните работници

Лидерот на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денена прес конференција обвини дека е лага одлуката за зголемување на платите на просветните работници.

„Изминативе три години и покрај неуспехот на планот на реформите покрај неиспораката на она кое што беше ветено пред граѓаните за време на предизборната кампања за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, општеството исполнето со примитивизам, декаденција истовремено и со големи лаги продолжува со ние како ВМРО ДПМНЕ продолжуваме со рецензија за истото. Денеска на дневен ред ќе биде делот во образованието а на крајот од денешната прес-конференција ќе се осврнам и на уште една лага која што е актуелна деновиве а тоа е таканареченото зголемување на платите за професорите, наставниците во основното и во средното образование.

Ќе започнам со едно ветување кое што СДСМ на Македонија во периодот на предизборието во 2016 година го даде пред граѓаните со фокус на младите а тоа е дека ќе имаме загарантирана шанса за младите односно ќе се овозможи секој млад човек да добие понуда за вработување , можност да го продолжи образованието, да добие пракса или тренинг за подготовка на вработување во период од 4 месеци по завршување на школувањето. Со ова ќе овозможеле како што велат активност на секој млад човек веднаш по завршување на високото образование и ќе отвореле пат за нивен професионален развој. Оваа активност воопшто не е почната“, истакна Мицкоски во својот говор.

loading...
SHARE