
Во вестите на Сител телевизија гостуваше лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Многу сум разочаран, а воедно и лут за сето ова кое што се случува денеска во нашава држава. Зошто? За тоа што најпрвин јас тоа го почуствував на моето семејство и знам точно како и со што се справуваа моите родители, мојата мајка, мојот татко. За среќа и двајцата ја поминаа, едниот потешко, а другиот полесно. Но фала му на бога и двајцата ја преживеаја оваа би рекол тешка пандемична ситуација која што се случува во Македонија“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во централниот дневник на телевизија Сител.
Како по принципот на многу држави во регионот кои што формираа една таква КОВИД Комисија и оваа КОВИД Комисија е таа која што е најповикана да предложи мерки и стратегија како да се справиме со пандемијата. Таа комисија не мора и не треба да биде партиска, во неа би требало да членуваат инфектолози, но и епидемиолози, како на пример професорот д-р Драган Даниловски, рече Мицкоски.
Според него Владата не доведува во ситуација само на парадоскални ситуации или влегуваме во тоа мочуриште.
-Луѓето чекаат за медицинска нега по ходиници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно, рече Мицкоски.