„Метлата“ на Заев ќе исчисти над 15 функционери?

заев
Прочитај за: < 1 минута

„Метлата“ на премиерот Зоран Заев ќе „исчисти“ функционери од секое ниво на власта. Извори од СДСМ брифираат за ТВ Алсат дека премиерот направил список со над 15 имиња кои ќе бидат сменети.

Во него, според телевизијата, има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери.

Меѓу ресорите каде може да има промени се министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство. Се шпекулира и трампа на министерствата за правда и за образование.

Извори од ДУИ велат дека партиските крила од Гостивар и Тетово бараат да го добијат ресорот бидејќи ДУИ од Куманово веќе има две министерски функции.

Коалициските партнери не дискутирале ниту за судбината на Министерството за култура, откако министерот Асаф Адеми вчера даде оставка поради здравствени причини.

На списокот институции каде се очекуваат промени на кадри се споменува и МНР. Неофицијално, Никола Димитров бара да замине од министерската фотелја, но причините не се откриваат.

Извор: fokus.mk