Мерко: Потрошив 27.000 евра и јадев со сила по кафани за да им помогнам на угостителите

Прочитај за: < 1 минута

По информациите дека за време на пандемија струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, потрошил 27 илјади евра пари од буџетот по кафани и ресторани, тој се правда дека истото го сторил само за да ги помогне угостителите, а притоа јадел на сила.

– Јадев, често и на сила, само и само да ги помогнам струшките угостители, изјави Мерко.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека граѓаните на Струга се жртви на неговото расипништво и луксуз и одговори дека ако некој е жртва, тоа е тој, затоа што неговата посветеност и желба да помогне му донела висок холестерол, шеќер, запушени крвни садови и покачен притисок, но и покрај тоа спремен и понатаму да се жртвува за доброто на стружани.

Вчера Алсат објави дека Рамиз Мерко од општинскиот буџет на Струга потрошил 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани.

Во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78 илјади евра. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“, пренесе Алсат.

За овие трошења реагираа од опозицијата.

– Минатата година во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација, рече Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Извор: lider.mk

SHARE