
Поранешниот министер и пратеник Марјан Ѓорчев е назначен за стратешки партнер на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и советник на Извршниот комитет на партијата, дознава „Република“ од извори на партијата.
Ѓорчев бил назначен на вчерашната седница на ИК.
Станува збор за искусен партиски кадар и искусен дипломат.
Ѓорчев јавноста го памети и по тоа што беше директен противкандидат на Никола Груевски за прв човек на партијата како наследник на Љубчо Георгиевски, а потоа извесен период беше под мраз во партијата. Потоа, пак, беше номиниран и избран за градоначалник на Кисела Вода. Марјан Ѓорчев беше и амбасадор на земјава во Софија, Бугарија.
Извор: faktor.mk