Макпетрол од ноќеска ги поскапе цените на горивата

Прочитај за: < 1 минута

Растот на нафтата на светските пазари е во вис а тоа влијае и врз одликата на македонските дистрибутери кои секој понеделник одредуваат цени на бензините и на дизелот.

Освен цената на нафтата на светскиот пазар во нивната вкупна цена се вкалкулирани и дополнителните трошоци за носење на дериватите, давачките за транспорт до пумпите и трошокот за склaдирање.

Од полноќ стана јасно дека поскапувањето на нафатата на светскиот пазар ќе ги зголеми цените на дериватите на пумпите.

Макпетрол ги извести потрошувачите дека од денеска горива на нивните бензински станици ќе се точат за поскапи цени. Имено бензините поскапеа за еден денар, а дизелот за два денари.

Тоа значи дека од денеска возачите од Макпетрол горива ќе точат по овие цени:

Ultra 95+ Economy ќе се точи за 72,00 денари за литар а Ultra 100 Race Pro ќе се продава по цена од 74,00 денари за литар.

Ultra Diesel Green Power од денеска чини 66,00 денари за литар додека Ultra Diesel Bio Power се ќе се продава по цена од 67,00 денари за литар.

54,50 денари за литар пак изнесува цената на екстра лесното.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE