(ФОТО+ВИДЕО) Фалангата се спои: Македонски марш низ Виена!

Прочитај за: < 1 минута

Македонската навивачка Фаланга денеска се обедини и во заеднички марш од двете фан-зони каде се собираа нашите навивачи тргнаа по улиците на австриската престолнина Виена кон салата „Штадхале“ за пресметката со Чешка во второто коло на Европското ракометно првенство.

Иако навивачите се поделија во две фан-зони, за разлика од петокот, овојпат обединето тргнаа да маршираат по виенските улици, па во австриската престолнина ечат македонски песни на патот на Фалангата кон салата, подготвена со последен здив да ја води Макеоднија кон втора победа и пласман во следната рунда на Евро 2020.

Чешка е наш должник од последното ЕП, па македонските ракометари со големата поддршка зад себе ќе се обидат од 16 часот да ја запишат втората победа на ракометниот шампионат.

https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2020/01/12/110931-falangata-se-spoi-makedonski-marsh-niz-viena-video.jpg?itok=Ewqxr9yT

https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2020/01/12/110925-falangata-se-spoi-makedonski-marsh-niz-viena-video.jpg?itok=NhJfKJfx

SHARE