Maкедонската дијаспора најмува адвокати, следува тужба за Зоран Заев

Прочитај за: < 1 минута

Македонската дијаспора во Канада и во САД бара адвокати кои што треба да поднесат тужба против премиерот Зоран Заев и македонската Влада поради нивните противуставни преговори за промена на името Македонија, дознава expres.mk од извори во Канада.

Активисти за човекови права од Канада веќе работат на тужбата која може да ги опфати и грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот Никос Коѕиас, кои, спротивно на меѓународните стандарди, бараат промена на име на туѓа држава и присвојување на македонскиот идентитет.

Основа на тужбата треба да биде прекршувањето на сите повелби за човекови права на Обединети нации и на другите меѓународни организации.

Незаконското наметнување нови услови за членство на Македонија од страна на Обединети нации го прекршува членот 4 од Повелбата на ОН и ги прекршува членовите 2 и 15 од Сеопфатната повелба за човекови права.

Дијаспората на американскиот континент сериозно размислува да побара и отштета за стресот што го доживуваат Македонците со преговорите за нивниот идентитет.

SHARE