Македонија во ќар од косовските царини: Извозот во Косово зголемен за 37% во првите четири месеци годинава

Воведувањето на царините од 100% од страна на Косово за производите од Србија и Босна и Херцеговина создаде шанса за поголем извоз на македонски производи на косовскиот пазар. Податоците покажуваат дека Македонија и Албанија се меѓу најголемите добитници од косовските царини, а поголем раст на извозот се бележи кај извозот на вода и појалоци, како и извоз на прехранбени производи.
Статистичките податоци покажуваат дека во првите четири месеци годинава македонските компании во Косово продале производи во вредност од 85, 4 милиони евра, што е за 36,9% повеќе во споредба со извозот во истиот период минатата 2018 година.
Најголем дел од извозот на Косово во првите четири месеци отпаѓа на извозот на нафтени деривати и горива, со вредност од 18,8 милиони евра и тоа главно преку грчката нафтената компанија Окта.
Втор највреден извоз во Косово во периодот од јануари до април е реализиран  преку извоз на железо и челик, односно плоснати валанин производи од железо, чија продажба изнесува 9,6 милиони евра.
Трета ставка се пластични маси и производи од пластика во вредност од 8,5 милиони евра.
Дури 5,4 милиони евра изнесувал извозот на вода и поијалоци, 4,5 милиони евра изнесувале продажбите на цемент.
Интересен е фактот дека Косово во првите четири месеци бил еден од најголемите  пазари за македонската храна и пијалоци. Кондиторските компании во првите четири месеци годинава продале произвводи во вредност од 3,9 милиони евра, 2,2 милиони евра вреден бил извозот на масло од сончоглед, 2,2 милиони евра бил извозот на млечни производи.
Извозот на лекови во првите четири месеци, пак, изнесувал 2,6 милиони евра.
Косово ги воведе царините од 100% кон Србијан и БиХ во ноември 2018 година, а досегашните штети на српските компании се проценуваат на околу 230 милиони евра.

izvor -izvoznici.mk

loading...
You Might Like
SHARE