Македонија скокна три места на ранг – листата на ФИФА

просинечки македонија
Прочитај за: < 1 минута

Македонската фудбалска репрезентација забележа напредок од три позиции на најновата ранг – листа на ФИФА и сега се наоѓа на 68. позиција. Скокот од три места на листата е поради одличните настапи против Летонија и Словенија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, на кои избраниците на Игор Ангеловски забележаа една победа и едно реми.

Од противниците на нашата репрезентација во квалификациите, Полска е 20. фудбалска репрезентација на светот, Австрија доживеа пад и сега е на 34. позиција, а Словенија е на 63. место и е само пет места подоброрангирана од нашиот национален тим. На ранкингот по македонската репрезентација се Израел на 84. позиција и Летонија на 133. место.

На врвот на ФИФА ранкингот останува Белгија, пред светскиот шампион Франција и пред Бразил. Англија напредуваше за едно место и сега е четврторангирана, на сметка на Хрватска која доживеа пад од едно место. Во топ 10 уште се наоѓаат и Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
(ekipa.mk)

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE