Љупчо Палевски пренесен во болница откако попладнево бил физички нападнат

Прочитај за: < 1 минута

Попладнево во Скопје во близина на својот дом (близу трговскиот центар Буњаковец) физички бил нападнат Љупчо Палевски, дознава „360 степени“.

Според нашите информации, Палевски бил нападнат од група непознати лица, по што бил хоспитализиран во една од скопските болници.

Од Министерството за внатрешни работи ги проверуваат информациите, но засега од нив нема официјална потврда.

SHARE