Лекарска комора: Медиумите да се воздржат од коментари за сообраќајката на Рузвелтова до официјалните информации од Судска медицина

Прочитај за: < 1 минута

Лекарска комора на Република Северна Македонија реагира на пишувањата по социјалните мрежи околу смртта на д-р Трајче Нешковски по собраќајката која се случила откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова“, по што се судрил со автомобилот во дрво.

Сметаме дека до добивање на извештаите од истрагата и обдукцијата на докторот е некоректно да се истапува со вакви постови за докторот кој во изминатите месеци пожртвувано работеше во ковид центрите низ Републиката. Да не заборавиме дека тој самопрегорно и пожртвувано се бореше за животите на нашите граѓани кои беа инфицирани од ковид 19 во текот на специјализацијата која ја извршуваше во ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија Скопје.

Партиската определба е лична работа на секој поединец и сметаме дека вакви трагедии не треба да се злоупотребуваат во партиски цели.

Токму затоа апелираме до медиумите да се оградат до добивање на официјалните информации од надлежните служби на МВР и Судска медицина и воздржат од понатамошни коментари за трагедијата во која загина нашиот колега, пишува во апелот на Лекарската комора.

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

SHARE