Ноторна лага е дека ,,им нудеа 2.000 евра да го пишат дека починал од корона”

Прочитај за: 3 минути

Приказната е лажна, а оние што ја пласираат едноставно не ја говорат вистината, несвесни дека приказната е проблематична од најмалку два аспекти, спротивна на логиката и внесува еден куп погрешни перцепции кај граѓаните кои немаат развиено високо ниво на сензибилитет кога станува збор за тоа што е проверено, кредибилно и истражено, а што е пробен балон за создавање масовна граѓанска непослушност и игнорирање на една крајно сериозна здравствена состојба.

Конспирациската теорија на годината, од мноштвото кои го преплавија македонскиот интернет простор, е онаа дека на далечни роднини или пријатели кои секогаш, ама буквално секогаш инсистираат на анонимност, им починал член на фамилијата и некој им нудел 2.000 евра во замена за тоа болницата да го пише дека наместо од ,,вистинската” причина, смртта настанала од Ковид-19. Оваа неверојатна и трагична клеветничка приказна не е пренесена само еднаш и благодарение на неа вознемирени се не мал број луѓе. Судејќи според начинот и брзината со која приказната се шири, од различни корисници на интернет просторот, на различни интернет платформи, од форуми, Твитер, Фејсбук, коментари, приватни пораки, приказната е веќе наголемо и нашироко распространета, а имуни на неа не се ниту новинарите кои добиваат ,,дојави” да ја истражат.

Но, таквиот обид за истражување, се разбира, секогаш завршува во ќорсокак, бидејќи приказната е лажна, а оние што ја пласираат едноставно, не ја говорат вистината, несвесни дека таа е проблематична од најмалку два аспекти, спротивна на логиката и внесува еден куп погрешни перцепции кај граѓаните кои немаат развиено високо ниво на сензибилитет кога станува збор за тоа што е проверено, кредибилно и истражено, а што е пробен балон за создавање масовна граѓанска непослушност и игнорирање на една крајно сериозна здравствена состојба.

Прво, семејствата не одредуваат што е причината на смртта по пат на избор, туку тоа го прават лекарите, овластените и стручни медицински власти, согласно дијагнозата и текот на хоспитализацијата, а во посебни случаи, кога не се познати причините за смртта, се врши и обдукција, релевантен и научен метод каде науката го има главниот збор. Оттука, да се тврди дека членовите на фамилијата воопшто би биле и доведени во ситуација да избираат како настанала смртта за членот е елиминирана. Тоа не е нивен избор, туку фактографија што ја одредуваат медицинските специјалисти. Во случаи на ковид 19, клиничката слика е јасна, се чува во посебна евиденција во секоја болничка установа, а од неа како доказ многу лесно може секое семејство со увид да провери и да се увери какви биле состојбите на белите дробови, на виталните органи што биле испитувани во текот на болничкото лекување. Во секој документ издаден од болница за смрт, наведена е причината за смртта, претходните коморбидитети, односно пропратни болести и семејството е тоа што го прима овој документ, а не тоа кое учествува во создавањето на овој документ.

Второ, на ниеден здравствен систем не му одговара да расте бројот на починати од корона-вирусот. Сите земји, вклучително и нашата, се борат да го задржат бројот на заразени и починати на најниско можно ниво. Високата смртност не им одговара ниту на лекарите, кои се гордеат и радуваат на секој спасен живот. Кога државата би имала корист, хипотетички, од поголем број починати од корона-вирус, ќе го направи тоа со задолжително земање брис кај заболен и починат. Оваа варијанта би била и многу поевтина од фиктивните 2.000 евра што се спомнуваат како цифра во постовите на социјалните мрежи, кои се инаку многубројни и секогаш ја имаат истата содржина.

Повеќе >> vistinomer.mk

– Следи Македонски Весник за повеќе содржини –

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE