Познатиот новинар, водител и колумнист Драган Павловиќ Латас, гостуваше во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија. Домаќини му беа неговите колеги, новинарите Драган Милосављевиќ и Горан Момировски.
Латас е интересн гости и секогаш има што да каже, при вакви дебатни емисии. Тој најпрво ги прокоментира анкетите, особено изјавата на Зоран Заев дека СДСМ има шест проценти водство пред ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам да напоменам дека анкетата на НДИ, која се споменува во јавноста, всушност не е правена од американци, туку тие платиле македонска агенција која ја спровела истата.
Исто така, кога се прави анкета, многу е важно што се прашува во таа анкета. На последната анкета немаше прашање за кого ќе гласаш, па оттука, изјавите на Заев се неточни, рече Латас.
Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е огромна. ВМРО е Јувентус за СДСМ. Но, она што им забележувам на ВМРОвците е тоа што се занимаваат самите со себе.
Поради тоа, на ВМРО-ДПМНЕ му се случува нивни луѓе, сега, како и во минатото да работат за СДСМ.
Така поранешен висок функционер на ВМРО од време на Љубчо, кој беше генерален секретар, кога си отиде од ВМРО, ја зеде со себе и цела документација, која потоа му ја даде на располагање на СДСМ.
Истото се случи и пред две години, кога близок соработник на Груевски, ја изнесе цела изборна документација, оние податоци за тоа кој работи по градовите и селата за ВМРО во време на избори им ја даде на СДСМ. Затоа СДСМ ја прегази ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, бидејќи знаеше врз кои луѓе треба да врши притисок, рече Латас.
На оние што нешто многу се палат на Русија, сакам да ијм кажам дека ние никогаш немаме видено ништо добро од Русија, рече Латас. Напротив, Сан Стефанска Бугарија е проект на Русија.
Америка е наш најголем пријател. Америка е наш најдобар лобист. Ќе беше добро за нас доколку Трамп имаше одврзани раце во текот на неговиот мандат, односно доколку не му правеа сопки остатоците од минатата власт во американските институции и по нивните амбасади низ светот, рече Павловиќ Латас.
https://youtu.be/6wWv9ryrcR8