Кривична пријава за двајцата насилници кои се однесуваа агресивно кон патниците во автобус на ЈСП

Прочитај за: < 1 минута

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје против Р.З.(31) и Х.И.(31), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик.

ИМЕНО, НА 05.11.2020 ОКОЛУ 17.30 ЧАСОТ ВО АВТОБУС НА ЈСП-СКОПЈЕ БР.7, НА АВТОБУСКАТА ПОСТОЈКА „РЕКОРД“ ВО АВТОБУСОТ ВЛЕГЛЕ ДВЕТЕ ЛИЦА, КОИ НЕ НОСЕЛЕ ЗАШТИТНИ МАСКИ, ПОРАДИ ШТО ВО АВТОБУСОТ ЗА КРАТКО ВРЕМЕ ПОЧНАЛА РАСПРАВИЈА ПОМЕЃУ ПРВОПРИЈАВЕНИОТ Р.З. И ДРУГИТЕ ПАТНИЦИ, ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА КОВИД-19, ПРИ ШТО ТОЈ ПОЧНАЛ АГРЕСИВНО ДА СЕ ОДНЕСУВА И ДА ИМ СЕ ЗАКАНУВА. ПОТОА ВТОРОПРИЈАВЕНИОТ Х.И. ДОШОЛ ДО ВРАТАТА ОД КАБИНАТА НА ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ И.Б(47) И МУ УПАТУВАЛ ЗАКАНИ.

По извршената идентификација на лицата, двајцата насилници се лишени од слобода и со нив е извршен разговор во полициска станица, по што е изготвена соодветна кривична пријава.

Извор: telma.com.mk

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE