Ковачки: Не може службеници да издаваат патни исправи, а притоа да не знае врвот

Прочитај за: < 1 минута

– Ова што го објави Мицкоски е само показател колку државата ни е фрлена на колена и колку не е веќе ни хибриден режим туку преминува во заробена држава, посочи Ковачки.

Структурите коишто ја водат државата, посебно во делот на безбедносните служби, додаде тој, нивното однесување укажува дека не одиме во правилен правец.

Според него, издавање пасоши на криминалци, атентатори, нарко-босови, е страшно за една млада држава која штотуку стана членка на НАТО и претендира да влезе во ЕУ

– Не може да се издаваат патни исправи од страна на службеници, а притоа да не знае врвот, посебно кога се работи за такви ликови кои ги видовме по социјалните мрежи. Видовме дека дел од тие структури се возеле дури и со полициска придружба, не знам колку е тоа точно, но треба да се провери. Не сакам да верувам дека е така, но доколку е така, мојот коментар по однос на тоа ќе биде – страшно. Не би сакал да верувам дека е така, рече Ковачки.

Тој додаде дека би сакал да се истражи тоа, и ако е вистина најмалку што може да направи министерот Спасовски е да поднесе оставка.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE