
Обвинителството за организиран криминал отвори предистрага против Костовски и уште три лица за пропаѓањето на Еуростандард банка.
Бизнисменот Трифун Костовски тврди дека не добил никакво известување дека личните сметки му се блокирани, како и уделите во хартии од вредност, поради предистрагата која Обвинителството за организиран криминал ја води против него и уште три лица за пропаѓањето на Еуростандард банка.
Исто така, вели дека не знаел ни дека против него е отворена постапка.
Во изјава за Алсат-М, Косовски тврди се работи за 500 до 600 илјади евра, што според него не е доволно за покривање на долговите кон штедачите.
„Имам две стари возила кои се на мое име, стари по дваесет години. Тоа е мојот имот. Ако мојата куќа ги надополни потребите на штедачите, еве им ја давам, слободно. Јас ќе одам во некој дом и готово“,
вели Костовски и додава дека со замрзнувањето на она што заработил во изминатите 30 години сега останува речиси без пари.
„Јас мислам дека денеска ми се сопрени сите финансиски текови и мојот имот е замрзнат. Што знам дали и пензијата ќе ја добијам, ќе видиме, ќе проверам сега на први дали ќе добијам“,
додава Костовски.
Костовски барал средба со државниот обвинител, но сè уште не добил одговор.
Повеќе >> alsat.mk