Коневски му возврати на Мицкоски: Го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш

Прочитај за: < 1 минута

Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски му одговор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за прозивките и обвинувањата упатени кон него и кон сите што бараат одговорност за поразот на парламентарните избори.

Според Коневски, кој инаку му е советник за Скопје на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски на најголемиот македонски празник Илинден е срамно.

“Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден.
Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики.
Со ова го допре дното и уште еднаш покажа дека не си достоен за функцијата што ја вршиш. Наместо ниски страсти и фрустрации, треба човек кој обединува. Редно е да си одиш од ВМРО-ДПМНЕ.”

пишува во одговорот на Коневски објавен на неговиот Фејсбук профил.

Мицкоски, ти повторно се однесуваш срамно и тоа на овој голем ден, на најголемиот македонски празник Илинден.Кога сите…

Publiée par Ivica Konevski sur Dimanche 2 août 2020

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Ташмаруништа, на прославата на Илинден остро ги нападна сите оние кои бараат оставка од него и од членовите на раководство, нарекувајќи ги јаничари на власта и товар на партијата.

SHARE